ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ: Оздравените од корона заразата ја шират уште шест недели

by Тони Зографски

Шефицата на руската федерална служба за надзор над заштита на правата на потрошувачите Ана Попова изјави  дека луѓето кои заздравиле, а биле болни од ковид-19 можат да ја шират заразата уште шест недели.

-Според нашите согледувања, тој период трае до 48 дена, а во странство периодот на надгледување на излечените од ковид-19 укажува дека е можно и 90 дена по излекувањето да се шири заразата, – изјави Попова, а пренесува ТАС.

Оздравениот асимптоматичен пациент кој се чувствува добро и чии резултати од тестовите на крв и останатите фактори се добри, може и понатаму да го шири вирусот, изјави Попова.

останати вести