Заев истакна дека се предвидува можност за вработување на дефицитарни кадри на возраст над 64 години, во случај ако на конкурс за некој стручен профил не се јави никој и тогаш се отвора можноста за вработување стручни луѓе над 64 години.
Втората важна компоненета во рамките на реформите на пензискиот систем е пред полнење на 64, односно 62 години, да може да се докупи стажот – истакна Заев, додавајќи дека се отвора можноста граѓаните за тие пет години да ги платат придонесите за пензиско осигурување и може да заминат во пензија.
Заев појасни дека сумата на придонесите за пезниско осигурување за тие пет години е 18,4 проценти од платата, односно до 2.500 евра.
“Ние мораме да го заштитуваме пензискиот фонд и истовремено отвораме нови работни места, пензискиот фонд мора да го држиме стабилен да дава редовно пензии, но и да обезбедува пензии за идните пензионери – нагласи Заев.
На крајот на септември ќе го имаме викендот без ДДВ.
– Викендот ќе биде воведен пред почетокот на школската година бидејќи тогаш знаеме дека родителите повеќе трошат за дечињата, изјави Заев.