Гувернерка на американската сојузна држава Мичиген, Гретчен Витмер, го прогласи 8 септември, за македонско-американски ден.
-Ова признавање покажува дека македонската заедница во Мичиген е мошне силна. Тешката работа, страста и посветеноста го зголемува влогот за постигнување на уште подобра македонска заедница во Мичиген – изјави Дијана Јанчески, претставничка на Обединета македонска дијаспора.
Во прогласот на гувернерката Витмер, меѓудругото, се наведува „дека државата Мичиген ги признава нејзините македонско-американски жители кои што живеат во неколку заедници на големите езера, додека македонските Мичигандери вредно придонесуваат во бројни области.