Бебиситерка од Италија, која беше убиена во Швајцарија од психички пореметен млад човек, спаси три деца од него, за кои таа се грижеше.
Според “Анса“, 46-годишната Тереза Скавели, мајка на три возрасни деца, работела во Сент Гален, а убиството се случило пред неколку дена.
-Таа од прозорецот видела како некој човек ги следи децата кои се враќале од училиште и веднаш истрчала на улица за да му дае на знаење на манијакот дека децата не се сами. Но, кога децата влегувале во куќата и тој влетал заедно со нив – раскажуваат пријателите на убиената Тереза.
Во куќата бебиситерката на секој начин се обидувала да го избрка физички посилниот напаѓач, но тој во еден момент зел едно тавче и со неколку удари по глава ја усмртил жената.
По убиството, сторителот, кој наводно е швајцарски државјанин, бил ликвидиран од полицијата со огнено оружје.
Инаку, Тереза зад себе остави сопруг и три деца.