Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е дисквалификуван од УС Опен во четвртото коло, откако по 11 одиграни гемови, несакајќи, го удри линискиот судија со топка. Ѓоковиќ го удри топчето откако го загуби гемот, и при тоа ја погоди дамата која е линиски судија. Таа падна и имаше проблеми со дишењето. После се, сите дискусии, Ѓоковиќ беше дисквалификуван.
Српскиот тенисер кој беше апсолутен фаворит за освојување на УС Опен, беше дисквалификуван во моментот кога Шпанецот, Пабло Карењо Буста водеше во првиот сет 6:5.
Ѓоковиќ се извини на организаторот:
„Целата оваа ситуација ме прави тажен и празен. Проверив како се чувствува линискиот судија, тој е добро…Нејзиното име нема да го открием поради приватни причини. Многу ми е жал што и нанесов таков стрес. Не беше намерно. Беше погрешно. Се извинувам на организаторите. Многу сум благодарен на мојот тим и семејството што ми беа поддршка, и на моите фанови што секогаш беа со мене. Благодарам и многу ми е жал.
Сакам да го претворам ова непријатно искуство, од турнирот, во важна животна лекција. Ова беше тежок ден за сите“ – напиша Новак Ѓоковиќ.
Инаку, организаторите на УС Опен најавија дека Ѓоковиќ ќе остане без поени и паричната награда што ја заработи со пласман во четвртото коло.