Запрашан за тоа дали неговото дете ќе го пушти во училиште, министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција изјави дека засега тоа ќе следи онлајн настава.
“Сите ние го посакуваме најдоброто за нашите деца. Заштитата на здравјето е приоритет. Моето дете е 9-то одделение, но јас ги почитувам сите препораки. Тогаш кога ќе има услови за физичко присуство, тоа ќе оди во училиште, рече Филипче.
Инаку, на пресот Филипче го презентираше протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување деца, донесен од Комисијата за заразни болести.