Eден од најпознатите педијатри на територијата на поранешниот СССР, Eвгениј Олегович Комаровски е доктор на медицински науки, телевизиски водител и автор на 15 книги за грижа за деца. Тој презентира вредни информации за здравјето и воспитувањето на децата на многу разбирлив начин, поради што ужива почит кај многу родители.
Избравме 14 цитати од педијатарот д-р Комаровски, чии совети им помогнаа на стотици илјади луѓе:
- 100% од возрасната популација знае како се прават децата, но 99,9% не знаат како се прават луѓето.
- Психолошката благосостојба на мајката која се грижи за детето е најголемата задача за таткото. Тато е оној чија обврска е да ги решава проблемите со роднините и соседите.
- Среќно дете е пред сè дете кое е здраво, а дури потоа дете кое знае да чита и свири виолина.
- Среќно дете е дете кое има и мајка и татко, кои за возврат имаат време не само да го сакаат детето, туку и да се сакаат едни со други.
- Ниту голем број, ниту добар глас на педијатар нема да ги решат здравствените проблеми на детето. Ова е невозможно пред се затоа што неговото здравје зависи многу повеќе од мама и тато отколку од сите педијатри заедно.
- Детето не должи никому ништо.
- Лично, кога родителите на болни деца доаѓаат кај мене, често ги советувам да набават куче. Бидејќи кучето е вистинска причина да се натераат родителите да носат дете на прошетка двапати на ден.
- Ако вашето дете било болно цела година, ако не истрчало, одејќи на село можеби само 30 км од градот каде расте шума и тече река, може да има подобар ефект врз неговото здравје од летниот одмор на Медитеранот, па нека е хотел со пет sвезди.
- Детето треба да биде токму такво – слабо и активно.
- Сигурен сум дека повеќето деца се раѓаат здрави, но дека нивното здравје е нарушено од родителите и медицинските работници.
- Кога ќе се роди бебе – човечко младенче – тоа е биолошко суштество исто како волк, мечка, свиња … Затоа основната задача во првата фаза од животот е да се држиме до биологијата за подоцна да преминеме кон развојот на социологијата.
- Суштината и идеологијата на пелени за еднократна употреба се состои во следново: на детето не му требаат пелени, тука на мајката.
- Среќата и семејното здравје се најважни. Семејството треба да се однесува не во согласност со интересите на детето, туку во согласност со интересите на семејството. Не можам да замислам дека моето дете добива чоколадо и не го дели на четири дела.
- Најважно: не сте центар на универзумот. Ние како семејство – тоа е центарот на универзумот. Добрите луѓе се секогаш, насекаде и кон секого добри. Споделете сè што е добро: расположение, храна, работи. Не лелекајте.