Коронавирусот може да предизвика оток на тестисите кај мажите и да влијае на нивната плодност, предупредуваат лекарите. Од почетокот на пандемијата, пријавени се повеќе од десетина симптоми на Ковид-19, вклучувајќи сува кашлица, треска и губење на вкус или мирис.
Но, медицинските експерти од Соединетите држави им порачаа на мажите да бидат будни откако 37-годишниот пациент беше примен во Одделот за итни случаи со оток и „непријатност“ во скротумот.
Пациентот ја помина ноќта во болница кога му препишаа антибиотици и лекови против болки. Во извештајот се вели дека болката во тестисите се намалила, но не беше кажано дали неговата состојба се подобрила во следните недели.
Една недела пред да замине во болница, пациентот страдал од главните симптоми предизвикани од инфекција со Ковид-19, вклучувајќи кашлица и треска. Лекарите од конзорциумот за здравствено образование во Сан Антонио во Тексас изјавија дека вирусот му ја оштетил спермата. Тие предупредија дека штетата предизвикана од Ковид-19 може да има „идно влијание врз плодноста кај мажите“.
Претходно беа забележани слични извештаи за болка во тестисите кај пациенти со Ковид-19, но немаше очигледен доказ.