847
Маж на возраст од 38 години почина во универзитетската болница во Есен по едномесечна битка со коронавирусот по враќањето од Македонија во Германија, пренесува „Експрес“.
Повратникот со живеалиште во градот Нојс во покраината Северна Рајна Вестфалија немал претходни болести, соопшти портпаролот на округот Рајн-Крајс Нојс, Бенјамин Јозефс.
Кога влегол во Германија на 2 август човекот имал симптоми типични за корона, што го потврдил и тестот на кој бил позитивен. Болеста била толку сериозна што човекот од Нојс починал.
