Некои водечки здравствени експерти во САД се загрижени за долгата дебата околу тестовите за коронавирус. Имено, стандардните тестови откриваат голем број на позитивни лица, од кои многумина можеби имаат само незначителни количини на вирус во своето тело, пишува „The New York Times“.
Имено, можно е повеќето позитивни да не бидат воопшто заразени и нивното откривање може да доведе до фактот дека оние што се заразни нема да бидат откриени на време. Но, истражувачите не мислат дека решението е да се намали тестирањето или не-тестирањето на луѓе кои немаат никакви симптоми, како што неодамна беше предложено од Центарот за спречување и контрола на болести на САД.
Наместо тоа, новите откритија укажуваат на потребата од уште пораспространето тестирање, но со брзи тестови кои се помалку чувствителни.
„Идејата да не се тестираат асимптоматски луѓе е чекор назад. Всушност, треба да се зголеми тестирањето врз сите луѓе “, рекол Мајкл Мина, епидемиолог од Школата за јавно здравје на Харвард.
Според докторот Мина тестови кои даваат одговор само на прашањето дали некое лице е заразено или не, не се доволни.
Според него, количината на вирус во организмот е она што треба да го одреди следниот чекор во лекувањето на пациентот. Имено, PCR-тестовите го размножуваат или засилуваат генетскиот материјал во циклуси. И колку помалку циклуси е потребно, толку е поголема количината на вирус во примерокот. Колку е поголема количината на вирус во примерокот, толку е поголема веројатноста дека пациентот е заразен.