Повеќето Руси не сакаат да бидат вакцинирани против коронавирусот, една нова студија покажа дека само 42 проценти од испитаниците би се согласиле да ја примат руската вакцина „Спутник 5“.
На прашањето дали би ја примиле вакцината, 42 проценти од испитаниците се согласиле, а 52 отсто не сакаат, покажа испитувањето на државната агенција WCIOM.
– Ова е интересна ситуација во нашето општество. Сакама гаранција дека нема да се инфицираме… но повеќето не планираат да се вакцинираат. Зошто? Се плашат и не и веруваат – изјавил Валери Федоров, шефот на WCIOM.
Инаку, првата светска вакцина за спречување на ковид-19, изработена од Центарот за истражување „Гамалеј“ во соработка со Рускиот фонд за директни инвестиции, беше регистрирана од Русија на 12 август. Вакцината беше именувана „Спутник 5“.
Путин на 11 август соопшти дека Русија ја регистрира првата вакцина против коронавирус на светот.