Додека целиот свет се подготвува за есенскиот бран на пандемијата COVID-19, а научниците ширум светот работат на решение, од Америка дојде револуционерно откритие за методи за намалување на пренесување на вирусот и смртноста, и само благодарение на еден моќен елемент.
Главниот истражувач на SAIC, д-р Гери Ворен, во својот труд објавен во „Research Gate“, објасни како максималните препорачани дневни дози на јод доведуваат до смрт на клетки заразени од коронавирус. Според Ворен, ова исто така го спречува ширењето на вирусот.
Препорачаната дневна доза на јод во организмот е од 1,5 до 2,4 мг по лице, а количината варира со телесната тежина. Тој истакна дека колку повеќе луѓе консумираат голема количина на јод, можноста за пренесување на коронавирус значително може да се намали. Како резултат, смртноста би се намалила.
Патем, интересно е што некои земји (како Виетнам, Тајланд или Филипини) веќе започнале со употреба на јод за понатамошна заштита на медицинските лица кои се борат против Ковид 19. Секако, ова е само додаток на задолжителна заштитна опрема, т.е. маски, нараквици, скафандери и др.