Новата студија на научниците од Универзитетот во Јужна Калифорнија нуди вредни упатства кога станува збор за појава на симптоми на вирусот корона.
Студијата објавена во списанието „Frontiers in Public Health“ открива дека ковид се карактеризира со редоследот по кој се појавуваат симптоми.
Прво се појавува треска, кашлица, болка во мускулите, а потоа и гадење и дијареја.
-Со оглед на тоа дека сега постојат подобри пристапи за лекување на ковид, идентификувањето на пациентите многу порано може да го намали времето во хоспитализација, вели д-р Џозеф Ларсен.
Студијата откри дека просечниот пациент заразен со вирусот корона, најверојатно, развил симптоми по следниот редослед:
-Важноста за познавање на првите симптоми е вкоренета во потребата да се запре ширењето на ковид, болест која е два до три пати поинфективна од грипот и резултира во појава на појава на кластери – велат авторите на студијата и продолжуваат:
-Нашите резултати тврдат дека треската е најверојатен симптом што прво се појавува кај симптоматски возрасни пациенти во корона вирус. Редоследот по кој се појавуваат симптомите е идентичен и во тешки и во благи случаи – заклучиле тие.