Мутираната верзија на вирусот се прошири низ Европа и САД, но засега нема докази дека предизвикува посериозен и потежок облик на Ковид-19.
Откако докторите од Италија предупредија на ”српската верзија” на коронавирусот за која што тврдеа дека е позаразна од оној тип коронавирус со кој што се бореле во нивната земја, овојпат слична информација доаѓа од Азија.
Имено, како што појаснил министерот за здравје на Малезија, Нор Нишам Абдулах, мутацијата на коронавирусот забележана е во различни делови низ светот, но онаа која што ја забележале во Малезија е со потекло од Европа и е 10 пати позаразна од оригиналниот вирус.
-Ова може да значи дека постојните студии и вакцини што се развиваат може да бидат нецелосни или нема да бидат ефективни против мутираниот вирус, – посочува тој.
Мутираната верзија на вирусот се рашири во Европа и САД, но засега нема докази дека предизвикува посериозна и потешка верзија на ковид.
Според студијата објавена во научното списание „Cell“, мутираната верзија (G614) се појави во февруари и ја надмина оригиналната верзија (D614). Научниците тогаш утврдија дека мутираната верзија е десет пати позаразлива од оригиналниот вирус што бил забележан во Вухан, Кина.
Сепак, со оглед на тоа што мутацијата се случила на протеин кој не е од клучно значење и дека вакцината не е насочена, научниците се надеваат дека вакцините кои моментално се во завршна фаза на клинички истражувања сè уште може да бидат доволно ефикасни за да се запре понатамошното ширење на пандемијата.