Новинската агенција на албански јазик ИНА објави дека ДУИ се откажала од барањето за прв премиер Албанец, но за возврат ќе ги добие Министерството за внатрешни работи и други важни ресори, а веројатно и технички премиер 100 дена пред наредните избори.
„Она што е познато е дека Зоран Заев како победник на изборите ќе има целосен мандат како премиер. Како компромис, Демократскиот сојуз за интеграција се согласи да ги предводи Министерството за внатрешни работи и други важни министерства, така што ДУИ ќе има голема моќ во новата влада. Можеби може да се прифати техничкиот премиер 100 дена пред изборите да биде кадар на ДУИ, тоа ќе биде прифатливо за СДСМ. Но, се уште не можеме да кажеме со целосна сигурност дали СДСМ ќе ја предводи Владата со целосен мандат“, изјавил извор за агенцијата.
Инаку, лидерите на двете партии Заев и Али Ахмети ќе се сретнат денеска.