Видео кое ја промовира руската вакцина против коронавирусот прикажува како доза од Sputnik V го уништува коронавирусот со големина на планета, односно ја спасува Земјата.
Компјутерски генерираната анимација јa направил Рускиот фонд за директни вложувања кој што всушност го финансирал и развојот на првата регистрирана вакцина во светот.
Вакцината наречена Gam-COVID-Vak, заснована е на претходни тестирања, во обид да се направи вакцина против САРС и МЕРС, па е одобрена по само две фази од клиничките испитувања.. Третата фаза ќе вклучува масовно тестирање на 10.000 волонтери. Александар Гинцбург, директор на Националниот истражувачки центар Гамалеја изјави дека за десет дена ќе започне тестирањето, пренесе TASS.