Пред неколку дена пејачот Огнен Здравковски објави дека е позитвен на коронавирус, но сега откри и дека и неговата мајка Софче Џорлева била исто така позитивна. Таа поминала многу потешко.
Огнен на својот Фејсбук профил напиша низ што поминала мајка му.
“ДО СИТЕ ШТО НЕ ВЕРУВАТЕ ДЕКА КОРОНАТА ПОСТОИ!!!
Сите што ја познавате мајка ми Софче Џорлева , знаете каква жена е.. Секогаш позитивна, насмеана и секогаш со смисла за хумор, па така и успеа да ја победи битката со “COVID 19” (Корона Вирус) иако беше премногу критична и ништо не се знаеше!!! 2 недели лежеше на “Инфективната Болница” во Скопје, со кислородна поддршка, со гушење и со многу намален капацитет на дишење… Конечно после 12 дена со два негативни теста си дојде дома и ја победи битката со овој НАЈГАДЕН ВИРУС!!! БОГ е голем, фала му и слава му!!! Голема благодарност до целиот тим на Инфективно, што 24/7 се грижеше за неа и и помогнаа да ја победи оваа битка!!!“, напиша Огнен Здравковски/
Инаку, Огнен е внук на легендата на македонската фолклорна музика Наско Џорлев, син на неговата ќерка, пејачката Софче и внук на вујко му, маестро Зоран Џорлев.