Д-р Елизабета Ристановиќ, молекуларен биолог и физиолог, изјавила дека спутњик 5 (руска вакцина против короната) е прва вакцина која има за цел да ја смири паниката, да ја стивне пандемијата како светот би продолжил таму каде што застана.
-Што се однесува до оваа вакцина, судејќи според механизмот, односно платформата на која е произведена, може да се каже дека е безбедна, што се однесува до нејзината ефикасност, ќе се суди врз основа на имунолошкиот одговор, односно заштитата што ја дава – изјави д-р Елизабета Ристановиќ.
Според неа, „Гамалеј“ е добро познат руски институт за микробиологија.
– „Тоа е високорангиран институт кој има своја историја. Николај Гамалеј е татко на микробиологијата, тој бил студент на Институтот Пастер и тој е првиот којшто ја донесе вакцината против беснило во Русија“ – вели Ристановиќ.
Според неа, Институтот „Гамалеј“ бил единствениот во светот што добил лиценца за вакцината против еболата, токму на платформата на која е произведена и вакцината „ковид 19“, односно, на платформата аденовирус.
Таа истакна дека околу 2.000 луѓе во Гвинеја ја примиле вакцината против ебола.
Исто така, вели таа, научниците од тој институт интензивно работеле на производство на вакцина против грип, сарс и мерс, а тие искуства најверојатно ги користеле и за оваа вакцина.
На прашањето дали третата фаза од испитувањето може да покаже дека вакцината е неефикасна, па дури и небезбедна, докторката одговори дека времето ќе покаже.
Таа вели дека во иднина, веројатно ќе има поефикасни вакцини, и додава дека многу институти во Русија работат на производство на други и различни вакцини и дека многу институти во светот работат на слични платформи.