Која здравствена институција функционира во оваа држава? Ова прашање го поставува Агрон Газафер чиј татко преживува голгота во Македонија.
Тој преку социјалните мрежи побара помoш бидејќи не се наоѓа во државава и нема како да помогне, а со критики за македонското здравство бара совети од граѓаните.
Неговиот пост на Фејсбук пробуди низа коментари.
“Имам едно прашање, која Здравствена Институција функционира во оваа Држава ??? Татко ми како граѓанин на оваа негова татковина 10 дена со многу висока температура стручен персонал во стручна болница го остави дома да се лечи сам без докторска стручна помош да му пружат молејки барем една инфузија да му дадат и адекватна терапија на кој што добивме одговор дека тоа веќе не е возмозно во болница да се пружи кај што јас како негов едини син се чудев бидејки 15 год. живеев во Германија и последни 2 години Истанбул, Турција.
Кај што и таму ги известив во ГАТА турските војни доктори СПЕЦИЈАЛИСТИ за неговата здравствена состојба и кај што истите ги известив дека немаме соодветни амбулантни возила да биде префрлен во Скопје и се уште се мачам да обезбедам да го транспортират од Струга за Скопје, но на жалост се уште безуспешно. Дали може некој да ми даде совет и идеа што да правам ???
ПС: За брзо време ако оздраве татко ми од мојота фан страница за да пуштам кампања за да го читаат истиот пост или видео, да го погледнат повеќе балкански земји да видат како го дискриминират него и народот, а се прашува и жив се јаде зошто плаќал цел живот здравство како граѓанин на РМ воедно и функционер, пензионер со генералска титула.
Господ знае уште колку други граѓани го претрпуваат истото ??? Господ нека им е на помош ( НА СИТЕ ) 🙏 !!!
И да ве известам дека само господ ќе може да ме сопре не дај боже ако му се случи нешто. И најдобрите патолози ќе ги најдам и со обдукцијата ќе донесат заклучок и дефинитивен став !!!!!!!!!!!!!“ напиша Агрон Газафер.