Докторот Нико Беќаровски, кој е вработен на Клиниката за Токсикологија, во минатите месеци напиша безброј статуси со кои помогна во оваа пандемиска криза. Неговиот вчерашен статус е предлог како да се одвива наставата од 1. Септември:
“Овие денови најгорливо прашање е каква настава ќе имаат учениците.
On Line, or On board, that’s the Question now???
Еве еден мој скромен придонес, кој е комбинација од двата модела, кој драстично ќе го подобри квалитет на настава, а на минимум ќе ја редуцира можноста за дисеминација на вирусот.
1. Министерството веднаш ги опремува сите училишта со униформни платформи за on line настава.
2. Сите наставници одат на работа според регуларно направен распоред.
3. Од својата училница држат регуларна настава во траење од 30 минути, која учениците ЗАДОЛЖИТЕЛНО ја следат и активно учествуваат во неа.
4. Меѓу секој час има 15 минути пауза.
5. За сите ученици обезбеден бесплатен НЕОГРАНИЧЕН ИНТЕРНЕТ НА НИВНИТЕ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ.
6. Сите ученици кои немаат можност за следење на наставата преку електронски пат, присуствуваат физички на наставата.
7. На крајот од секое тромесечие, сите ученици од еден клас, поделени во 4 групи во 4 различни термини со физичко присуство имаат писмен тест, писмена работа или усно испрашување од соодветниот наставник.
8. Предметот физичко воспитување, во четири одделни групи се изведува со физичко присуство секоја втора недела.
9. Во сите рурални и градски средини, каде индексот на контаминираност е низок или го нема се одвива регуларна настава.
СЕ ДРУГО ОСВЕН ВАКОВ ИЛИ НЕКОЈ СЛИЧЕН МОДЕЛ Е #JokeOfEducation кое дополнително ќе го руинира веќе руинираниот образовен процес“, напиша Беќаровски.