Босанскиот глумец Емир Хаџихафизбеговиќ криел од јавноста дека е позитивен на коронавирус, а по добиените два негативни теста и победа над вирусот го сподели своето искуство за болеста која ја спореди со пекол.
-Поминав пекол. Вториот тест ми е негативен, воспалението на белите дробови се повлече. Тоа што го поминав е еден вид на егзорцизам, имам своја теорија дека короната не е болест, тоа е сатан. Неверојатно е што ми се случуваше тие 14 дена, изјави за Н1 телевизија, Хаџихафизбеговиќ.
Тој раскажал и дека, уште не почетокот на воведувањето на мерките, се повлекол во викендицата во Мостар и дека спаѓа во ризичната група бидејќи е дијабетичар.
Актерот решил да се тестира на коронавирус, откако забележал дека не чувствува ниту вкус ниту мирис. Резултатот бил позитивен, а Емир вели дека се чувствувал добро во првите три дена, а потоа почнала сувата кашлица и отежнатото дишење. Потоа му било потврдено воспаление на белите дробови.
– Ми беше препорачано да одам во болница. Реков дека сум во самоизолација, не сакав да одам во болница. Го преживеав ова чудовиште благодарение на драгиот Бог, докторите и добрите луѓе кои скокнаа околу мене. Најтешко ми беше во времето на Бајрам. Воопшто не бев добар. Отежнато дишење, висока температура, малаксаност. Имав чувство дека моите коски се одвојуваат од месото. Косата ме болеше. Тоа не е дури ниту болка. Како целото тело да ви е со модринки, па каде и да го допрете – боли. Имав грип, тежок, ова нема никаква врска со грипот. За мене тоа е истерување на ѓаволот – рекол Хаџихафисбеговиќ.