„Дарував крвна плазма во спомен на мојот брат Ристо Меловски – ДЈ Ицко кој ја загуби битката со ковид-19. Решен сум да помогнам на сите оние кои во овие моменти имаат потреба од помош. Очекувам повик и за второ дарување бидејќи имам многу антитела. Како крводарител и хуман човек се надевам дека ќе го пратат мојот пример и потреба за победување на оваа болест“, вели Владимир (45), излекуван пациент од коронавирус.
Инаку, Ристо Мелоски познатиот ДЏ Ицко, почина од Ковид 19 кон средината на јуни.