ТРАГЕДИЈА ВО БЕЛГРАД: На тренинг, од инфаркт почина кошаркар на Црвена Звезда

by Тони Зографски

Довчерашниот кошаркар на Црвена Звезда, Нигериецот Мајкл Оџо, денеска почина од инфаркт во 27-година од животот. Одџо утринава тренирал индивидуално на стадионот во Белград и додека трчал му се слошило, по што паднал на патеката.

Веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Белград, но и покрај укажаната помош, тој починал.

Инаку, Мајкл Оџо, го посетувал универзитетот Флорида Стејт, а европската кариера ја започнал во 2017 година во Србија, односно, во тимот на ФМП. Последните две сезони играл за Црвена Звезда со која освоил титула на Србија и на регионалната АБА лига.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com