Германецот Хаген С. сакаше да донира крвна плазма во Берлин, но лекарите го вратија дома непосредно пред да ја даде крвта затоа што тој бил хомосексуалец.
-Докторот само ми кажа дека не сум соодветен како донатор на плазма, иако ја преживеав короната, затоа што сум геј. За прв пат во животот, се чувствував дискриминиран – рече Хаген.
Тој имал инфекција со корона со среден интензитет во пролетта. Кашлаше, имаше висока температура, болки во мускулите и го изгуби чувството за вкус. Потоа го поканија да биде тестиран, бидејќи резултатот може да биде корисен за научни цели.
-Решив да волонтирам за истражувањето. Мислев, кога веќе ја преживеав таа болест, тогаш барем би имало некои придобивки од тоа. Сакав да помогнам – вели Хаген.
Неговата крв подетално беше испитана во берлинската клиника. Се покажа дека има голема количина т.н. IGG антитела и дека е совршен донатор. Потоа бил поканет да донира крвна плазма, а извршените анализи покажале дека тој не страда од ХИВ, хепатитис Ц или било која друга сексуално пренослива болест.
Единствениот проблем: законот не дозволува хомосексуалците да донираат крв. Бидејќи тој самиот рече дека е геј, сè пропаднало.