Тригодишно девојче од Арканзас починало а нејзината помлада сестра се бори за својот живот, откако биле пронајдени на задното седиште на автомобил, кој бил паркиран пред нивната куќа. Нивната мајка, во тоа време, спиела во куќата.
Полицијата соопштила дека добила повик околу 14. часот пред мајката Кајли Петченик (21) да рече дека нејзините ќерки исчезнале, пренесува Daily Mail.
Таа пред полицијата рекла дека открила дека нејзините ќерки Лаикн (3) и Оливија (15 месеци) исчезнале кога се разбудила после дремката.
Полицијата веднаш дошла на местото на настанот. Полицаецот тогаш открил дека девојчињата лежат во несвест во автомобилот на нивната мајка.
Постарата девојче е однесена во локалната болница каде е прогласена за мртва, а нејзината помала сестра е во критична состојба и се бори за својот живот.
„Двете се веројатно жртви на топлината“, заклучила полицијата.
Еден сосед зборувал и за овој настан, раскажувајќи како мајката на девојчето ги прашала дали ги виделе нејзините деца.
Тој рекол дека мајката на овие девојчиња работи ноќни смени и тоа е причината зошто таа спиела во текот на денот.
Лекарите апелираат дека децата не треба да останат сами во автомобилот во текот на летните денови. Температурите во автомобилот растат брзо, така што тие можат да станат опасни по здравјето.