Директорот на рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Димитријев (45) тврди дека тој и неговата сопруга Наталија Попова (27) први ја примиле експерименталната вакцина против коронавирус развиена во Москва.
Рускиот богаташ вели дека благодарејќу на вакцината се развиле двојно повеќе антитела отколку што има просечна заразена личност и додаде дека Русија се подготвува за третата фаза на тестирање.
Според Димитријев, вакцините засновани врз аденовирусот најпрво ќе се појават на пазарот, кога ќе добијат официјално одобрување во септември, а вакцина заснована на новата технологија mRNA ќе се појави најрано на почетокот на следната година, бидејќи неговата безбедност сепак треба да се испита.
Димитријев проценува дека следната година ќе бидат произведени повеќе од три милијарди дози вакцини, засновани на аденовирусни вектори, што ќе му овозможи на светот ефикасно да се бори против вирусот корона.
Интересно е што покрај Кирил Димитријев, и неговата сопруга Наталија е моќна фигура во московските политички кругови. Таа е блиска со Катарина Тихонова за која се шпекулира дека е најстарата ќерка на Владимит Путин. Наталија е директорка на “Фондацијата Инопрактика“ која соработува со најмоќните корпорации во државата, а е и водителка на научната емисија “Русија 24“ која се прикажува на државниот тв канал, Таа се занимава и со моделинг.
Инаку, Московскиот институт Гамалеј ја разви оваа потенцијална вакцина, додека фармацеутската компанија “Алиум“ е задолжена за шишенцата во кои ќе биде пакувана.