Милионерот Фахим Салех е пронајден мртов во неговиот стан во Њујорк. Го нашла неговата сестра која била загрижена бидејќи не и се јавувал. Кога влегла во станот, виде дека главата и екстремитетите му се исечени со пила, која сè уште била вклучена.
Според првите информации, сите делови од телото биле сместени во пластични кеси. Наводно, камерите во зградата го снимале осомничениот со нараквици, капа, маска и куфер како со Салех влегува во станот.
Салех и осомничениот отишле заедно во неговиот стан на седмиот кат, а кога излегле од лифтот, се случил напад. Тој паднал на подот, но сè уште не е познато дали напаѓачот пукал или го омамил. Поради начинот на организирање на нападот, полицијата смета дека станува збор за професионална егзекуција.
„Осомничениот со себе имал куфер, очигледно е професионалец“, рекол неименуван извор од полицијата.
Како што се посочува, полицијата се изненадила што на лице место пронашла многу малку крв, со оглед на тоа дека Салех бил целосно распарчен, па се верува дека најголемиот дел од тоа е отстрането од напаѓачот. Истражувачите се обидуваат да утврдат дали сестрата на Салех го прекинала убиецот при отстранување на деловите од телото, како и дали убиецот користел друг излез за да ја напушти зградата.
“Имаме торзо, главата е отсечена, како и рацете и нозете. Сè сеуште е на лице место, но сè уште не знаеме кој е мотивот”, рекол портпаролот на њујоршката полиција, наредникот Карлос Нивес.
Салех е поранешен развивач на веб-страница, кој станал извршен директор на курирската служба во Лагос, Нигерија, а милионерот неодамна купил луксузен стан на Менхетн за два милиони долари.
Инаку, Фахим е син на имигранти од Бангладеш, а веќе како тинејџер научил да кодира и развива апликации. Потоа дипломирал на универзитетот „Бентли“ во Валтам, Масачусетс, па дури и тогаш имал успех со апликацијата „PrankDial“, која е направена за да испраќа смешни телефонски повици.