Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им соопшти на своите сограѓани кога ќе имааат вакцина против коронавирусот.
– Имам да ви соопштам една важна вест. Во преговори сме со една земја која ја заврши вакцината за корона. Вакцината ќе ја имаме до крајот на годината – истакна српскиот претседател и додаде:
– Таа земја ја заврши вакцината против короната, исто така го заврши и тестирањето, можеме да ја добиеме, ќе биде на крајот на годината, тоа е важна вест. Ситуацијата во Србија не е сјајна, но е подобра отколку во другите земји.