Двајца браќа од Чачак починаа од коронавирус а заболен е и нивниот татко.
Починатиот е брат на Р.Ѓ. (36) кој починал на 1 јули од коронавирус во болница во Чачак.
Симптоми ги добил минатата сабота, ден откако бил погребот на својот брат. Истиот ден тој бил хоспитализиран во болницата во Чачак, а веќе во неделата бил префрлен на Клиника во Белград.
Според информациите на Morava info, таму имал целосна нега, но за жал тоа не било доволно.
Од КОВИД-19 се разболел и нивниот татко кој е сместен во Општата болница Чачак.