Пациентот Иван Огњановски на кого му беше трансплантирано срце денес заминува од Клиниката за Државна кардиохирургија на домашно лекување.
– Горд сум што испишавме историја во јавното здравство, во кардиохирургијата. Горд сум на моите колеги кои покажаа највисока стручност во својата хумана професија. Но, пред сѐ најдлабока почит за семејството на Емилија Динева за алтруизмот што го покажаа на дело. Покажавме дека знаеме и можеме. Продолжуваме максимално да се грижиме и понатаму за Иван и сите наши пациенти – порача министерот д-р Венко Филипче на неговиот профил на Фејсбук.
Инаку, во градите на Иван повеќе од 40 дена чука срцето на Емилија Динева, чие семејство и покрај големата загуба одлучи да спаси човечки живот. mИван чувствува огромна благодарност.
„Благодарност на семејството Диневи. Кога ќе излезам од болница сакам да се запознаам со нив. Јас сум член на нивното семејство“, вели Иван, првиот пациент на кого му беше трансплантирано срце.