Новинарот Марко Радоњиќ од српскиот порталот Нова, кој синоќа известуваше за протестот во Булевар Краљ Александар кај Правниот факултет во Белград, беше претепан од полицијата, што тој успеа да го сними. По полноќ, тој бил вербално нападнат со закани за апсење. Иако Радоњиќ упорно кажува на полицијата дека е новинар и дека е на должност, член на жандармеријата не обрнувал внимание, па продолжил да го тепа.
Инаку, Деветнаесет полицајци, и 17 учесници се повредени после вчерашните протести во Белград по повод најавите на претседателот Александар Вучиќ за воведување полициски час.
Од итната помош во Белград, соопштија дека пред Собранието, ноќеска биле стационирани 12 медицински тимови.
Еден полицаец бил повреден како пешак со сообраќајна несреќа кога бил удрен од патничко возило.
Pretučen je naš novinar iako je prijavio da je na proteste došao poslom u ulozi novinara! pic.twitter.com/PJR0nYURB2
— nova.rs (@novarsonline) July 8, 2020