Светската здравствена организација објави дека ги запира испитувањата на антималирикот хидроксихлорокин во комбинација со лекот за ХИВ лопинавир/ритонавир кај хоспитализираните пациенти со Ковид -19, откако е потврдено дека нивната примена не ја намалила смртноста.
„Привремените резултати од тестирањето покажуваат дека хидроксихлорокин и лопинавир/ритонавир допринесуваат со мала или никаква смртност кај хоспитализираните пациенти заразени од Ковид-19, во споредба со стандардната нега“, навеле од СЗОво соопштението.
Оваа агенција за јавно здравје на Обединетите нации истакнува дека одлуката, донесена по препорака на меѓународниот управен одбор за ова истражување, не влијае врз другите студии во кои лекото се кориски кај пациенти кои не се хоспитализирани или поради превенција од заразата.
Во друго испитување СЗО, исто така, го истражува и можниот ефект на антивирусниот лек „ремдисивир“.