Лидерот на научниот тим од универзитетот Оксфорд, професорката Сара Гилберт која е во потрага на вакцина против коронавирус, денес објави дека при тестирањето на новата вакцина кај примателите е забележана посакуваната реакција на имунолошкиот систем, но таа не сакала да прецизира кога вакцината ќе биде готова.
Ројтерс известува дека професорката за вакцинирање, Сара Гилберт, соопштила дека 8.000 волонтери биле вклучени во тестовите од фаза III вакцината АЗД1222, за што е лиценцирана компанијата Астра Зенека.
Истражувањето е многу интензивно затоа што постои оправдан страв, дека пандемијата би можела да избувне на крајот на годината, кога е зима во северната хемисфера.
Професорката Гилберт додаде дека е „80 проценти убедена“ дека вакцината што ја развила нејзиниот тим ќе биде успешна против ковид-19.