Српскиот доктор пулмолог член на Кризниот штаб во битката против пандемијата предизвикана од коронавиртусот Бранимир Несторовиќ, уште еднаш ја вознемири јавноста со изјавата по неодамнешната смрт на поранешниот српски фудбалски селектор Илија Петковиќ (75 г.).
Како што тврди, Петковиќ не умрел од вирусот корона, туку од тешко крварење и се заразил со короната кога му ставиле респиратор.
– За Илија Петковиќ знам дека почина како последица на пукнат чир по што тој искрварил. Во тие моменти бил приклучен на респиратор и се инфицирал со коронавирусот. Но, тој не почина од вирусот со кој се бори целиот свет – изјавил Несторовиќ.
Инаку, Илија Петковиќ минатат недела беше примен во болница поради пукнат чир, а имаше проблеми со срцето и белите дробови. Тој изгубил многу крв откако пукнал чирот, а потоа било откриено дека е позитивен коронавирусот. Неколку дена пред влошувањето на неговата здравствена состојба, Петковиќ за медиумите изјави дека ги следи сите препораки на лекарите во врска со коронавирусот.