Кинеската компанија „National Biotech Group“ денес објави дека првите резултати од тестирањето на потенцијална вакцина против коронавирус врз луѓето укажуваат на тоа дека може да биде безбедна и ефикасна за употреба .
Според Ројтерс, оваа експериментална вакцина довела до создавање високи нивоа на антитела кај сите 1.120 лица кои ја примиле во текот на првата фаза на клиничките испитувања, а тоа е втора вакцина на таа компанија која се покажа како ефикасна во раната фаза на тестирање на луѓето.
На кинеските компании и истражувачи им е одобрено да тестираат осум потенцијални вакцини дома и во странство, со што Кина е една од водечките земји во трката за развој на вакцина против корона вирусот.
За да може некоја вакцина да влезе на пазарот, таа треба да се покаже како ефикасна и во третата фаза на тестирање, во која нејзиниот ефект се тестира на илјадници луѓе, пренесува Ројтерс.