Докторот од Центарот за Јавно Здравје Скопје, Денис Јанкуловски кој секој ден ја става “главата во торба“, прво си пее, па оди на работа.
Токму Драган Спасов Дац и Александар Митевски на својот Фејсбук профил заедно со докторот Јанкуловски ја испееја песната “Опасно сум вљубен во тебе“ од Драган Каранфиловски Бојс и ја посветија на сите доктори и медицински персонал.
“Денес сакаме да ви испратиме една музичка порака со преубава песна од Драган Каранфиловски БОЈС, посветена на сите доктори и медицински персонал. Во наше друштво ќе пее нашиот другар Денис Јанкуловски (Космонаутко) од Центар за Јавно Здравје Скопје. Тој секој ден прво пее, па оди на работа по 12 часа, ја става “главата во торба” и секогаш е ведар, насмеан и распеан. Препораките мора да се почитуваат, заради него, заради сите медицински лица, заради сите нас ❤️ Denis Jankulovski,“ напишаа на Фејсбук, Дац и Митевски.
Благодарност до докторот упати и македонската пејачка и кантавторка Мијата.
“Благодарна сум неизмерно што те имаме во ова кризно време за човештвото
Denis Jankulovski! Ти не си како космонаут туку како ангел што нѐ чува. Браво и за Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar MitevskiАлександар за иницијативата за ова видео!!! Само со песна и добра мисла ќе победиме“ напиша Мијата на Фејсбук.
Денес сакаме да ви испратиме една музичка порака со преубава песна од Драган Каранфиловски БОЈС, посветена на сите доктори и медицински персонал. Во наше друштво ќе пее нашиот другар Денис Јанкуловски (Космонаутко) од Центар за Јавно Здравје Скопје. Тој секој ден прво пее, па оди на работа по 12 часа, ја става "главата во торба" и секогаш е ведар, насмеан и распеан. Препораките мора да се почитуваат, заради него, заради сите медицински лица, заради сите нас ❤️ Denis Jankulovski
Posted by Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski on Thursday, June 25, 2020