Топлотниот бран ја погоди Велика Британија, поради што илјадници луѓе се собраа на плажите.
Реалноста е дека ова е вториот најжежок ден во годината во Велика Британија, но властите беа „шокирани“ од сцените од Борнмут и „неодговорното однесување на толку многу луѓе“.
Температурата на југот на Англија надмина 33 степени, а Британците очигледно заборавија дека жртвите сè уште се бројат. Ова е исто така еден од најтешките денови за службите за итни случаи.
Полицијата буквално ги молеа луѓето да се засолнат, но наместо граѓанска послушност, издадоа дури 558 казни за паркирање, што е рекорден број на едно место во толку краток временски период.
Од плажите беа извадени 33 тони ѓубре, а евидентирано е илегално кампување и антисоцијално однесување – пијани посетители кои го нарушуваат јавниот ред и мир.
– Толку многу луѓе е шокантно. Немавме друг избор освен да го прогласиме овој голем инцидент и да иницираме итен одговор – рекоа надлежните.