“ВИРУСОТ НЕ СЛАБЕЕ, СЕ ДРУГО Е ИЗБОРЕН СПИН“ – предупредува хрватскиот молекуларен биолог

by Тони Зографски

Хрватскиот молекуларен биолог од Институтот„ Ружер Бошковиќ “, Оливер Вугрек кој го водеше тимот што ја спроведе првата детална анализа на геномот на вирусот САРС-КоВ-2 во Хрватска, смета дека изјавите за слабеење на вирусот во моментов се без научна основа и се наменети, како што вели тој, за изборната кампања.

“За да можеме да дадеме одговор дали вирусот е ослабен, потребно е да се анализира геномот на вирусот на заразени лица, асимптоматски, што не е направено во Хрватска, Србија или било каде на Балканот. Се ова се предизборни измислици, а се знае кои се шампион во оваа категорија.

Овој молекуларен биолог претпоставува дека имало ист број на асимптоматски луѓе на почетокот на епидемијата, како и сега.

“Такви резултати во Исланд се покажаа веќе во третиот месец. Вирусот кај нас е како на почетокот, тој не се смени на подобро или на полошо. Треба да продолжиме да бидеме внимателни, затоа што нема преговори со вирусот – рече Вугрек.

останати вести