Вакцината против коронавирусот не може да делува на постари лица, кои се всушност најзагрозени. Затоа целта е да се вакцинираат оние околу нив, пишува „Гардијан“.
Професорот Питер Опеншоу од Империал колеџ истакна дека вакцинацијата ќе се обиде да таргетира различни групи на население.
– Понекогаш е можно да се заштитат ранливите групи со вакцинирање на друга група на луѓе. Таков е случајот, на пример, со грипот. Во изминатите неколку години, Велика Британија е во водство кога станува збор за развој на вакцини за деца против ослабени вируси – посочи тој.
Од друга страна, професорот по имунологија на Универзитетот во Калифорнија, д-р Арне Акбар, посочува дека научниците сè уште треба да дознаат зошто луѓето имаат послаб имунитет кога станува збор за корона вирусот САРС-КоВ-2.
– Еднна работа е очигледна, дури и кај постари, поздрави луѓе, а тоа е дека се случуваат повеќе воспалителни процеси низ целото тело. Треба да разбереме зошто се случува ова и од каде потекнуваат овие воспаленија. Воспалението кај постарите лица е поврзано со слабост и голем број хронични заболувања кои се влошуваат кога се заразуваат со корона вирусот. Но, кој е изворот на воспалението?
Тоа е нешто што сè уште не го знаеме – истакна тој.
Тој вели дека покрај вакцината, ќе бидат потребни и нешто како стероидни лекови, како што е дексаметазон, кои можат да го спречат воспалението предизвикано од вирусот и кое досега им помогна на голем број сериозно болни пациенти.