Христијан Неделковски кој осум години чекаше трансплантација на срце почина вчера, информираа од здружението „Храбро срце“.
– Со огромна болка и жалење ве информираме дека нашиот Кристијан почина, премногу изгубени години во макотрпно чекање и исполнување на „ветувањата“ од сите институции. Толку вреди еден човечки живот кај нас, за жал, што дури 8 години ниту еден од надлежните не се потруди да му помогне за да го најде својот спас надвор од нашата земја. Почивај во мир, Кристијан, вечно ќе ни недостасуваш, храбро срце!, напишаа од здружението.
Инаку, Христијан живееше приклучен на батерии со придружна опрема тешка 7-8 килограми и од која е невозможно да се одвои. Тој бараше помош од државата, да се најде срце бидејќи вештачкото срце или пупмите кои се вградуваат во развиените земји се само преодна фаза додека се најде срце и направи трансплантација. Двајца пациенти со вградени со вградени две пумпи и еден со вештачко срце починаа во последните неколку месеци, останаа уште двајца со по две пумпи во срцето.