Тенисерот Троицки и бремената сопруга се заразени со корона, ќеркичката е негативна

by Тони Зографски

Српскиот тенисер Виктор Троицки и неговата бремена сопруга Александра се позитивни на тестот за коронавирус, соопшти организаторот на Адриа Тур.

„Вистина е, јас и сопругата сме позитивни на вирусот. Таа се тестираше во петокот, а јас и ќерката во неделата откако дознавме дека е позитивна сопругата. Мојата ќерка не е позитивна, само јас и сопругата“, им потврдси Троицки на медиумите.

Инаку, минатата недела  Виктор и неговата сопруга Александра во еден белградски ресторан го славеле третиот роденден на ќеркичката Ирина.

Резултатите на тестирањето на Ѓоковиќ се очекуваат денеска, по што тој ќе се обрати до јавноста.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com