Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека преку амбасадата на Јапонија, добиен е лекот Favipiravir кој се покажал добар за лекување на Ковид-19. Но, Филипче рече дека и натаму не е одобрен, но дека здравството треба да биде подготвено за користење.
„Преку Амбасадата на Јапонија, добивме лек Favipiravir. Станува збор за антивирусна терапија, која во Јапонија се користи за третман на инфлуенцата, но, и натаму не е одобрен да биде лек за Ковид-19. Во тек се бројни студии, и од искуство веќе има добри резултати. Сакам да изразам голема благодарност лично до амбасадорката на Јапонија, и во овие денови обезбедивме одредена количина за нас за лекување на 100 пациенти, со оглед дека Јапонија донираше и во некои други земји. Ова е лек што се користи така да кажам „off lable”, за да биде дефинитивно потврден, односно конкретно за Ковид-19, треба да завршат клиничките студии. Очигледно има добри резултати во земјите, и се препишува после строга индикација, после долги анализи на крвта, анализи кои се прават во нашите болници.“, рече Филипче.
“Утрово на состанокот на Комисијата за заразни болести, се разговарало за попуштање намерките, односно да се дозволи работа на повеќе економски оператори. Се препорачува отворање на казината и апаратите обложувалниците, а до крајот на неделата и фитнес-центрите. За отворање на границите дополнително ќе се разговара утре“, информира Филипче.