Голема трагедија се случи во Србија. На 31-годишна возраст почина Бобана Момчиловиќ Величковиќ, трикратна европска шампионка.
Бобана, која е актуелен првак на Стариот континент во стрелаштво во категоријата Воздушен пиштол на 10 метри имала компликации при породувањето пред дваесетина дена.
Ситуацијата дополнително се закомплицирала во последните неколку денови и за жал докторите не успеаа да и го спасат животот.
„Беше голем борец, но за жал најважната животна битка ја загуби денеска“, објавија од Стрелачкиот сојуз на Србија.
Во оваа трагедија бебето не било загрозено, и се чувствува добро.