Меѓу шесте илјади и 500 производители на мед во Македонија кои имаат на располагање 260.000 пчелни семејства- со 30 бртви и 80 пчелни семејства е и Атиџе од „Медена земја“.
Таа како и останатите пчелари е загрижена од климатските промени и намаленото производство на мед.
„Јас сум задоволна од пчелите. Дојдов до црвен тепих да газам. Човек ако сака, ако има љубов може се. Сакам да има и нови пчелари. Годинава ќе има помалку мед, но повторно ќе биде квалитетен. Пред 10 години имаше повеќ мед“, изјави Атиџе за Канал5 ТВ.“
Инаку, Атиџе тегла мед со восочна пита ја продава по 600 денари, оти медот во Македонија се помалку го има.
И останатите пчелари се соочуваат со истиот проблем како и Атиџе. Ако пред неколку години вкупното производство на мед достигна до 5 милиони килограми годишно сега тој едвај надминува 2 милиони и 600 илјади килограми.
А сега побарувачката се зголемува. Во вакви услови цената е зголемена на 400 денари ,органскиот се продава до 500 денари.