Потеклото на Ковид-19, кој што е виновникот за ширење на заразата во главниот град на Кина – Пекинг, е од европско потекло, потврдил експерт од СЗО, д-р Мариа ван Керкова, наведува агенцијата „Ansa“.
На редовната конференција за новинарите таа изјавила дека СЗО добила неколку секвенци геноми од коронавирусот во Пекинг и дека потврдено е нивното ”европско потекло”.
„ Појавата на нови случаи не значи дека станува збор за втор бран на коронавирусот“ – изјавил директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан.
Според неговите зборови, доколку дојде до појава на ново жариште, мора веднаш да се реагира за да се избегне враќање нарестриктивните мерки за заштита од вирусот, односно карантин.
Рајан нагласил дека секоја земја мора сега да го доживее вториот пик од пандемијата коронавирус, а потоа може да се очекува вториот бран наесен.
„За да го држите под контрола ширењето на Ковид-19, неопходно е да ги следите бројките: бројот на заразени и ситуацијата во здравствените установи.
Доколку болниците се повторно преполни, тогаш системот е во опасност и мора брзо да се делува, за да не се најдете во ситуација како на врвот на пандемијата“ – предупредил Мајк Рајан.