Музичката критичарка, новинарка, публицист Бранка Костиќ Марковиќ, која пред повеќе од една недела објави дека е позитивна на корона вирусот и дека е во домашна изолација, објави многу моќна фотографија на својот профил на Фејсбук. На фотографијата е мајка и која седи под дрво и пред зграда во која живее ќерката и преку прозорец разговара со неа.
Бранка објавувајќи ја фотографијата напиша само еден збор – МАЈКА и до неа стави стикер со срце.
“Мајка ми и татко ми доаѓаат наизменично секој ден до мојот дом и преку прозорецот сакаат да ме видат и така лично да се уверат дека сум добро, без разлика што постојано се слушаме преку телефон или, пак, ме гледаат преку видео повик на вибер, “ изјави Бранка за порталот Досие.мк
Инаку, Бранка Костиќ секојдневно на Фејсбук ги известува своите пријатели и следбеници за нејзината здравствена состојба и како го издржува фактот што е позтивна на вирусот и тоа што е во домашна изолација.
извор. Досие.мк