Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потврди дека неговата мајка е позитивна на коронавирусот. Тој вели дека тој немал контакт со неа и дека таа е изолирана во нејзиниот дом.
– Излезе таква информација, да точно е. Мајка ми е позитивна, веќе неколку дена. Ние се немаме видено, направено е епидемиолошко интервју со неа, луѓето кои што биле во нејзина близина се разбира ќе бидат и сѐ веќе во самоизолација. Јас подолг период се немам видено имајќи предвид ризикот на кој што сум секојдневно изложен бидејќи секојдневно се среќавам со луѓе и разговарам така што да за жал точно е. Веќе неколку дена би рекол 5/6 дена е во домашни услови и посакувам добро здравје, за жал и кај нас во семејството ја почуствувавме директно оваа пандемија и се надевам дека побргу ќе помине – изјави Мицкоски на новинарско прашање дали е точна информацијата дека мајка му е позитивна.