Медицинското лице Гоце Марков кој од болницата во Кочани пристигна на помош во Инфективната клиника во Скопје со пост на својот Фејсбук профил предупредува за опасноста од коронавирусот.
“Не е грипче луѓе!
Колку и да се пишува малку е… како да му објасниш некому колку брзо се умира?
Нема зборови! А јас мислев дека Бог ми подарил неговите чувства за да ги точам како вино низ моите усни?!
Ден нулта-збунети ама без страв и напнатост чекам заедно со колегите запознавање со работата.
Почнуваме!!
Ако овде е епицентарот на оваа напаст од болештина само тука е школата и само тука е борбата.
А борбата за среќа или несреќа мене никогаш не ме одминала… Карма!
Инфективна клиника звучи страшно ама не е до толку!
Работа е како и секоја друга. Само тука сме робови на протоколите и на ситните детали кои живот значат…
Го гледам персоналот, исцрпен и на батерии, прегорен и согорен од убиствената рутина…
Во животот, за моите години имам видено многу работи кои во друга професија се потребни векови…
… но ова е тука кај нас во Македонија и не е верно ама тоа е….
Што се случува тука?
Тука Животот и Смртта се другари!?
Тука луѓево плачат за пет шест капки повеќе кислород и те гледаат на начин на кој стануваш ПОЧОВЕК!!
Да да борбата тука е за воздух!
Умирањето тука не е процес!
Тука сите работат… Секој се дава максимално и малце повеќе од тоа.
Има терапија на тони, протоколи кои мора да се почитуваат и еден куп мали работи кои се еквивалент на Живот секоја посебно.
А јас мислев дека сум железно професионален оклоп…не било така!!
Колку и да си имун нема шанси тука да не станеш Човек.
Тешко е…многу е тешко…но не поради работата без крај туку поради чувство да дадеш еден атом плус од тебе за да преживее другиот!
И секогаш кога си одиш по патот одалечувајќи се од Инфективната клиника се прашуваш дали си дал доволно од себе?!
По мене тука смените не е важно колку саати се туку колку се има завршено… А секогаш е малку!
Затоа има луѓе кои бираат Дупки и луѓе кои го бираат Небото!!
А небото не е граница за храбрите да знаете!
Тоа е само еден обичен почеток!
П.С. Се поклонувам пред сите колеги кои несебично се даваат во оваа невообичаена појава од болест!
Се молам за душите на оние кои ја изгубиле битката🙏🙏🙏
А апелирам на совесност и на човечност во почитувањето на мерките!
Не поради друг!!
Поради Вашите родители, поради Вашите деца, поради Вашите Фамилии…“ напиша Гоце Марков на својот Фејсбук профил.