Беитански доктор специјализиран за онкологија и советник во Светската здравствена организација, професорот Карол Сикора,тврди дека само 10% од инфицираните ќе развијат антитела на коронавирусот.
„Најголемиот дел од популацијата на тестот за антитела ќе има негативен резултат, дури и ако имале коронавирус“, тврди Сикора.
Малиот број на луѓе, како што вели професорот, ќе бидат „имуно привилегирани“ или „ковид елита“ и ќе можат да се вратат на работа и патуваат. Остатокот од луѓето нема да развијат антитела.
Тој објаснува дека секој човек користи различен имунолошки одговор на нападот на коронавирусот. Некои делови од имунолошкиот систем на човекот и натаму се мистерија за научниците и поради тоа никогаш нема да ги утврдиме вистинските размери на епидемијата, ниту пак со сигурност да знаеме кој бил заразен, а кој не.
„Ако имате антитела, можете да се сметате за привилегирани или „Ковид елита“. Вие во тој случај сте исклучок од правилата затоа што практично е сосема сигурно дека нема повторно да се заразите и дека вирусот нема да го пренесете на друг“, изјави Сикора.
Сепак, проблемот е во тоа што, според професорот, ќе имаме само 10% такви случаи. Сикора додава дека имуниот систем е многу софистициран и се уште не се знаат многу работи, посебно во еден ваков случај на коронавирус.
„Постои една работа која ја викаме имунолошка темна материја која не ја разбираме, но знаеме дека постои и не штити. Би можело да се покаже дека тоа ни е најголемата заштита од вирусот“, изјави Сикора, британски доктор специјализиран за онкологија.