Универзитетот „Сеченов“ во Москва почна со клинички испитувања на вакцината против коронавирусот.
„Првите 18 доброволци ја примија експерименталната вакцина“, изјави денеска Вадим Тарасов, директор на Универзитетскиот институт, пренесе ТАС.
Информацијата беше потврдена и во руското Министерство за здравство, кое објави учество на вкупно 38 волонтери.
Инаку, две врсти вакцини се развиени во истражувачкиот центар Гамалеј, а доброволците 14 дена ќе бидат изолирани во две болници во Москва.
Интересно е што овие вакцини први ги испробаа токму научниците пред да ги тестираат и на други луѓе.